Може ли водата да ги намали шансите за анксиозност и депресија?

Може ли водата да ги намали шансите за анксиозност и депресија?

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Во денешно време може да биде тешко да останете хидрирани.

Советот „само пиј повеќе вода“ датира одамна. Но, дали навистина хидратацијата прави нешто позитивно за нас? Дали пиењето вода е корисно за нашето ментално здравје? Ако е така, на кој начин?

Физички последици од недоволно пиење вода

Повеќе студии ги покажуваат физичките придобивки од хидратацијата отколку менталните. Не треба да биде изненадување што тешката дехидратација може да доведе до конфузија, делириум и нарушена имунолошка, бубрежна и гастроинтестинална функција. Ова е видот на дехидратација што води до брза помош.

Сепак, дури и благата дехидратација може да доведе до некои несакани последици - главоболка, раздразливост, намалени физички перформанси и намалена когнитивна функција.

Последиците врз менталното здравје од недоволното пиење вода


Да разгледаме две студии кои го покажале влијанието врз менталното здравје:

Шпанска студија на 65 студентки покажала корелација помеѓу благата дехидратација и анксиозноста поврзана со состојби. Таа анксиозност е различна од анксиозноста како особина поради тоа што е привремена (состојбата во која се наоѓате моментално).

Прво, студијата покажала дека над 90 % од учесниците не пиеле доволно вода за да ја надоместат водата што нивните тела ја изгубиле во текот на денот. Над 90 % од учесниците (запомнете дека се претежно благо дехидрирани) покажале нивоа на анксиозност над 90-тиот перцентил. Околу 97 % покажале нивоа на анксиозност над 85-тиот перцентил. Важно е да се напомене дека балансот на водата (хидратацијата) бил помал кај учесниците над 95-тиот перцентил за анксиозност, со што се демонстрира корелација помеѓу дехидрацијата и анксиозноста.

Во иранска студија со над 3.000 учесници, пак, повторно била покажана корелација помеѓу помалиот внес на вода и повисоките стапки на анксиозност и депресија. Учесниците биле групирани во една од трите групи: групата со помалку од две чаши вода дневно, групата со две до пет чаши вода дневно и групата со повеќе од пет чаши вода дневно.

Студијата открила инверзна врска помеѓу внесот на вода и депресијата. Резултатите биле помалку убедливи кога станува збор за нивото на вода и анксиозноста.

Пијте повеќе вода

Очигледно дека пиењето повеќе од 120 милилитри вода дневно е евтина стратегија за борба против главоболки, замор, намалени физички и когнитивни перформанси и потенцијално депресија и анксиозност. Дали ќе треба почесто да трчате во тоалетот? Секако, но секако и дека ќе бидете фокусиран.

Брзи совети за останување хидрирани:

-Испијте чаша вода штом ќе се разбудите.
-Пијте вода со секој оброк.
-Пијте вода кога вежбате.
-Наградете се себеси за постигнување на целите со внес на вода.

-Натпреварувајте се со пријателите или колегите во однос на количината испиена вода.

Извор: psychologutoday.com

Фото: Freepik