Нова скандинавска мистерија на „Нетфликс“ што ги освои љубителите на трилери
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
На „Нетфликс“ пристигна нова скандинавска криминалистичка драма под наслов „Стаклената купола“, која уште пред премиерата предизвика голем интерес кај публиката. Многумина ја споредуваат со претходниот скандинавски хит „Убиствата Оре“, кој во февруари оваа година имаше неверојатни 10.700.000 прегледи за само една недела и се најде меѓу најгледаните содржини на платформата.
„Стаклената купола“ се смета за идеален наследник на „Убиствата Оре“. Дејството е повторно сместено во Шведска и ја следи инспекторката Леја. Како дете, Леја била киднапирана и затворена во стаклена купола од непозната личност. По години молк, таа се враќа во родното место откако исчезнува уште една девојче, ќерка на нејзината блиска пријателка, во речиси идентични околности.
Креатор на серијата е познатата шведска писателка Камила Лекберг, авторка на многу криминалистички бестселери преведени на повеќе од 40 јазици и објавени во над 60 земји.
Впечатоци и критики
Трејлерот за серијата предизвика воодушевување кај гледачите, па многумина нетрпеливо ја очекуваа премиерата.
Реномираниот медиум „Колајдер“ ѝ додели оцена 8 од 10, со зборовите: - „Стаклената купола“ е заразна и возбудлива мистерија.
„Абсолут гикс“ ѝ даде четири ѕвезди, нагласувајќи дека серијата „маестрално ги обработува темите на сеќавањето, идентитетот и долгорочното влијание на траумите.“
Извор:
Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube