Ватикан преминува на струја: Пристигнуваат нови електрични возила за папата Франциск, пожарникарите и полицијата

Ватикан преминува на струја: Пристигнуваат нови електрични возила за папата Франциск, пожарникарите и полицијата

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Иако се простира на 44 хектари, дневните потреби на државата Ватикан бараат голем број возила. Некои од нив сега преминуваат на електричен погон, вклучувајќи ги и возилата што ги користи папата Франциск.

14 нови електрични возила наскоро ќе се најдат на улиците на Ватикан. Четири мали возила слични на колички за голф од марката „мелекс“ ќе ги користат пожарникарите и полицијата, додека десет компактни електрични возила од марката „гупил“ ќе бидат распоредени за домашни потреби. Овие возила се приспособени за тесните и ридести патишта низ Ватикан.

Личниот возен парк на папата е збогатен и со нови електрични автомобили. Компанијата „Екселентија“ му подарила на папата Франциск два електрични автомобили изработени според неговите потреби. Во декември, „Дајмлер“ му подари нов „папамобил“, луксузен „мерцедес Г580“ со целосно електричен погон, во ексклузивна бисерно бела боја.

Папата Франциск, честопати нарекуван „климатски папа“, е добро познат по својата посветеност на прашањата за екологијата и одржливиот развој. Ватикан планира целосно да го електрифицира својот возен парк до 2030 година, користејќи само обновливи извори на енергија. Како дел од ова, ќе се изгради мрежа на бензински пумпи во и надвор од границите на Ватикан. Веќе се достапни 20 брзи и две ултрабрзи станици за полнење, а електричната енергија делумно доаѓа од фотоволтаични системи инсталирани на територијата на Ватикан.

Стратешки партнер на проектот е германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“, со што на Ватикан му е јасно ставено до знаење дека зелената транзиција не е резервирана само за големите нации, туку и за најмалата земја во светот.

Извор: 24sata.hr

Фото: Vatican Media