Се родија во конфликтната 2001, први ја искусија деветтолетката и завршуваат како најмалобројна генерација матуранти

Се родија во конфликтната 2001, први ја искусија деветтолетката и завршуваат како најмалобројна генерација матуранти

Подготвил: Милена Атанасоска-Манасиева /milena.atanasoska@fakulteti.mk

Лектор: Ивана Кузманоска

Бројот на ученици што се пријавуваат за полагање на државната матура во Македонија секоја година опаѓа за 500 до 1.000 ученици, зависно од годината. Пред неколку години имавме повеќе од 16 илјади матуранти, а лани матура полагаа 15.553 ученици.

Годинава имаме само 13.200, што значи 2.353 помалку од лани. Ако споредиме со 2012 година, кога сме имале 18.931 кандидат за полагање државна матура, бројките се навистина алармантни. На што се должи ова? За малобројноста на оваа генерација матуранти експертите велат има неколку причини.
Ова се децата родени за време на конфликтот во 2001 година, но и учениците со кои започна новата реформа во образованието – деветтолетка.

Поранешниот директор на Државниот завод за статистика, Дончо Герасимовски, вели дека секоја година имаме по околу 1.000 средношколци помалку.

- Ако ги погледнете извештаите за бројот на ученици на почеток и на крај од година, секогаш недостигаат околу 1.000, најверојатно најголем дел иселени од земјава. Конкретно за оваа генерација матуранти, родени во 2001 година, улога има и намалениот наталитет поради конфликтот и секако имавме и раселени лица и иселени од државава. Ако има забележителен пад, секако, сите фактори имаат влијание - вели Герасимовски.



Од Министерството за образование и наука, пак, оваа намалена бројка на матуранти ја објаснуваат со воведувањето на деветтолетката во учебната 2007/2008 година. Оттаму велат дека првачињата во таа година се поделиле во две групи – со 6 и 7 години и учеле по различни програми.
Пред воведување на деветтолетката првачињата почнуваа на училиште со наполнети 7 години, а со новата програма прваче се станува и со 5 години и 8 месеци. Новата програма практично барала решение за оние деца што се преголеми за деветтолетката. Го решиле така што во учебната 2007/2008 година направиле две генерации првачиња кои учеле по различна програма.


Една генерација првачиња (оние со 7 години и малку помали) учеле по понапредна програма и во учебната 2008/09 година го скокнале второто одделение и продолжиле во трето. Тие се последната генерација осмолетка. Додека втората група (оние со 6 години и помалку) си одела по стандардната програма за деветтолетка. Затоа, според МОН, оваа генерација, односно денешните матуранти се помалобројни.

- Бројот на ученици што сега го завршуваат средното образование е намален поради преминот од осумгодишно во деветгодишно основно образование - велат од МОН.

Но, секако дека на намалениот број ученици во земјава влијае и тоа што секоја година се раѓаат помалку деца.

Ако се погледнат извештаите на Државниот завод за статистика за живородени деца во Македонија, во 2001 година навистина има пад на стапката на наталитетот (живородени на 1000 население) од 14,47 на 13,27 за разлика од 2000 година. Во оваа година се родиле 29.308 деца, а во 2001 се родиле 27.010 деца. И следната година, како и 2003 година, има околу 27 илјади живородени деца. Од 2004 година има драстичен пад на живородени деца и се движи од 22 до 24 илјади деца. Во 2018 бројот на живородени деца изнесува 21.333. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2019 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 0,5 % и изнесува 5.103 живородени деца. Пад на наталитетот има во секое тримесечје од 2019 година.


Н: Се родија во конфликтната 2001, први ја искусија деветтолетката и завршуваат како најмалубројна генерација матуранти
 
Бројот на ученици кои се пријавуваат за полагање на државната матура во Македонија секоја година опаѓа за 500 до 1000 ученици зависно од годината. Пред неколку години имавме повеќе од 16 илјади матуратни, а лани матура полагаа 15.553 ученици.

Годинава имаме само 13.200, што значи 2.353 помалку од лани. Ако споредиме со 2012 година, кога сме имале 18.931 кандидат за полагање на државна матура, бројките се навистина алармантни. На што се должи ова? За малубројноста на оваа генерација матуранти, експертите велат има неколку причини.
Ова се децата родени за време на конфликот во 2001 година, но и учениците со кои започна новата реформа во образованието – деветтолетка. 

Поранешниот директор на Државниот завод за статистика, Дончо Герасимовски вели дека секоја година имаме по околу 1000 средношколци помалку. 
- Ако ги погледнете извештаите за број на ученици на почеток и на крај на година, секогаш недостасуваат околу 1000, нејверојатно најголем дел иселени од земјава. Конкретно за оваа генерација матуранти која е родена 2001 година, улога има и намалениот наталитет поради конфликтот и секако имавме и раселени лица и иселени од државава. Ако има забалежителен пад, секако сите фактори имаат влијание - вели Герасимовски.

Од Министерството за образование и наука, пак оваа намалена бројка на матуранти ја објаснуваат со воведувањето на деветтолетката во учебната 2007/2008 година. Оттаму велат дека првачињата во таа година се поделиле во две групи – со 6 и 7 години и учеле по различни програми. 
Пред воведување на деветтолетката првачињата почнуваа училиште со наполнети 7 години, а со новата програма, прваче се станува и со 5 години и 8 месеци. Новата програма практично барала решение за оние деца кои се преголеми за деветтолетката. Го решиле, така што во учебната 2007/2008 година направиле две генерации првачиња кои учеле по различна програма.

Една генерација првачиња (оние со 7 години и нешто помали) учеле по понапредна програма и во учебната 2008/09 година го скокнале второ одделение и продолжиле во трето. Тие се последната генерација осмолетка. Додека втората група (оние со 6 години и помалку) си оделе по стандардната програма за деветтолетка. Затоа, според МОН оваа генерација, односно денешните матуранти се помалубројни.
-   Бројот на ученици кои сега го завршуваат средното образование е намален заради преминот од осумгодишно во деветгодишно основно образование – велат од МОН.

Но, секако дека на намалениот број на ученици во земјава влијае и тоа што секоја година се раѓаат помалку деца.
Ако се погледнат извештаите за живородени деца во Македонија, во 2001 година навистина има пад на наталитетот од 14,47, на 13,27 за разлика од 2000 година. Во оваа година се родиле 29.308 деца, а во 2001 се родиле 27.010 деца. И следната година, како и 2003 година има околу 27 илјади живородени деца. Од 2004 година има драстичен пад на живородени деца и се движи од 22 до 24 илјади деца. Во 2018 бројот на живородени деца изнесува 21.333. Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2019 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 0.5 % и изнесува 5.103 живородени деца. Пад на наталитетот има во секое тромесечие од 2019 година.