Дали оваа бактерија може да го заштити мозокот од стрес?

Дали оваа бактерија може да го заштити мозокот од стрес?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Научниците од универзитетот Колорадо Болдер пронашле добра бактерија што го штити мозокот од штетните ефекти од стресот. Доколку ова откритие се потврди во клинички испитувања, резултатите може да доведат до лекување на стресот, пострауматските нарушувања и анксиозноста.

Едно истражување укажува на тоа како недостатокот на одредени цревни бактерии може да го променат подрачјето во мозокот што е вклучено во анксиозност и депресија. Друго истражување вели дека лековите против киселините на желудникот може да предизвикаат депресија. Исто така, научниците пронашле врска меѓу здравите црева и пострауматските нарушувања.

Односот помеѓу интестиналните бактерии и мозокот е двонасочна улица. Недостатокот на одредени бактерии доведува до промена на расположението, но стресот го нарушува здравјето на цревата исто како нездравата храна. Истражувањето спроведено од Метју Френк од Одделот за психологија и невронаука од Универзитетот Колорадо Болдер, открило дека добрите бактерии што имаат анти-воспалителни својства за кои научниците веруваат дека може да се користат во борбата против стресот.

Френк вели дека постои поврзаност помеѓу воспалението во мозокот и расположението поврзано со стресот.

-Ако се предизвика инфламаторен имун одговор, лицето веднаш ќе покаже знаци на депресија и анксиозност. Само размислете како се чувствувате ако добиете грип - објаснува Френк.

Некои истражувања покажале дека траумата може одредени подрачја на мозокот да ги направи почувствителни како резултат на стресот, а тоа предизвикува на стресната ситуација да реагираме со воспаление.

Во претходно истражување од истите истражувачи, глувците биле инјектирани со бактеријата mycobacterium vaccae и се покажало дека животните, соочени со опасни ситуации биле помлаку нервозни и имале помала веројатност да добијат воспаление или колитис. После неколку недели со инјектирање на бактеријата, научниците го измериле зголеменото ниво на антиинфламаторни протеини во мозокот на глодарите. Освен тоа, вредностите на протеинот што предизвикува стрес, биле пониски, а рецепторите, чија глаавна улога е да ги задржат анти-воспалителните својства на имунолошките клетки на мозокот, биле во поголем број.

Накратко, Френк и неговиот тим со сигурност утврдиле дека бактеријата mycobacterium vaccae го блокира влијанието на стресот преку создавање на долготрајно дејство на фенотип во мозокот, отпорен на стрес.

-Ако успееме да го постигнеме истиот ефект врз луѓето, тоа ќе има огромно влијание врз голем број невроинфламатрони болести - вели Френк.