Како да се заштитите од коронавирусот додека се возите во лифт?

Како да се заштитите од коронавирусот додека се возите во лифт?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Луѓето се враќаат на работните места откако се отвораат канцелариите низ целиот свет. Едно прашање што си го поставуваат многумина овие денови е: Дали треба да го користам лифтот? Овие неколку совети може да ги искористите ако се враќате на работно место каде што има лифт, или ако го имате во вашето живеалиште.


За многумина лифтот е неопходен, но добрите вести се дека вирусот ретко се шири при возење во лифт. Сепак, има конкретни чекори кои може да се направат за да имате поголема заштита, а тоа се носењето маска, оддалечување од другите и одбегнување да го допирате лифтот.


Коронавирусот може да се пренесе во лифтот на два начина: од другите луѓе што го користат лифтот со вас и од честички останати од претходни корисници на лифтот кои биле заразени со коронавирусот. Добро е што возењето со лифт трае кратко бидејќи коронавирусот повеќе се шири доколку контактот со заразениот трае подолго.



Фото: Pexels

Според експертите, ризикот за заразување од корисници на лифтот е мал доколку ги следите основните правила за заштита. Истражувањата покажуваат дека лифтовите не се најопасното место во зградите кога станува збор за ширење на коронавирусот, туку тој најмногу се шири на катот каде што има заразено лице.

- Ризиците за заразување со коронавирусот при користењето на лифтот се мали. Сепак, продолжете да преземате мерки додека се возите со лифт. Секогаш носете маска/заштита за лице - вели Симон Вајлдс, специјалист за заразни болести.


Фото: Pexels

Неодамнешно истражување покажува дека доколку половина или поголем дел од населението носат маски, заразувањето драстично ќе се намали.

Други мерки што може да ги преземете за да го намалите ризикот од заразување е да одбегнувате полни лифтови, да стоите во спротивни агли од лифтот во однос на другите и да се качувате по скали, доколку можете. Конечно, со основна и редовна хигиена на рацете и одбегнување да го допирате лицето може да се одбегне пренесувањето преку допир. Се препорачува и да ги допирате копчињата во лифтот со марамче или со лакотот.


Фото: Pexels

Коронавирусот може да остане во воздухот со часови, а на површините и со денови, иако експертите не се согласуваат за пренесувањето на коронавирусот преку површините. Повеќето од нив посочуваат дека коронавирусот најчесто се шири преку директна комуникација, а не преку површините. Затоа, носењето маска и физичката дистанца се најважни.

Автор: Хасал Ли
Извор: abcnews.go.com