Првиот аеродром со „Ковид-19 признание“ - ги има најдобрите мерки за заштита од коронавирусот

Првиот аеродром со „Ковид-19 признание“ - ги има најдобрите мерки за заштита од коронавирусот

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Љубителите на патувањата што повторно сакаат да летаат може да ја земат предвид Италија како наредна дестинација.

„Фиумичино“ во Рим (познат и како аеродром „Леонардо да Винчи“) е првиот аеродром во светот што доби „Ковид-19 признание“ со 5 ѕвезди од „Скајтракс“, меѓународно тело за рангирање на аеродромите.

Иако „Скајтракс“ е најдобро познат по годишните рангирања на најдобрите аеродроми во светот, глобалната криза со Ковид-19 ја натера организацијата да направи рангирање и за хигиената на аеродромите.

Според соопштението на „Скајтракс“, организацијата го базирала рејтингот на комбинација од процедурални ефикасни проверки, анализа на визуелно набљудување и Еј-ти-пи тестирање.

На 1 септември аеродромот го отвори својот центар за тестирање за Ковид-19, кој е управуван заедно со италијанскиот Црвен крст.

kovid
Фото: CNN

Но, не е само тестирањето она што му донело поени на аеродромот - туку и лесното читање на сигнализацијата на повеќе јазици, строгото спроведувањето на носењето маски, видливо присутниот персонал за чистење и ефикасноста благодарение на обединувањето на сите влезни и излезни летови до еден терминал за полесно следење.

Досега „Скајтракс“ ги следи само европските аеродроми.

Покрај рангирањето на овој аеродром, и други три аеродроми се наградени со по три ѕвезди поради нивното справување со ковид-ситуацијата - Малага-Коста дел Сол во Шпанија, аеродромот на Азурниот Брег на Ница во Франција и лондонскиот Хитроу.

Според системот за рангирање на „Скајтракс“, пет ѕвезди означуваат многу високи стандарди за чистота и процедури за одржување на аеродромот, четири ѕвезди означуваат „добри стандарди“, а три ѕвезди - „просечни стандарди“. Две ѕвезди е најнискиот можен рејтинг и тие означуваат дека аеродромот треба да поработи на протоколите за Ковид-19.

Извор: CNN
Фото: Skytrax