Дали можете да го препознаете актерот што го глуми главниот негативец во новиот филм за Бетмен?
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Откако Роберт Патисон закрепна од коронавирусот, продолжи снимањето на новиот филм за Бетмен во кој тој ја игра главната улога.
Додека се мачите да го замислите некогашниот убавец од сагата „Самрак“ како Бетмен, уште повеќе ќе се измачите да препознаете кој го глуми неговиот заколнат непријател.
Во новата верзија на Бетмен, режирана од Мет Ривс, главниот негативец е Пингвин, добро познатиот негативец од Ди-ес Комикс галаксијата. На фотографиите направени во текот на снимањето во Ливерпул, кој би требало да го долови филмскиот Готам, се наоѓа главната филмска екипа, а меѓу нив и Пингвин во кожен мантил и со чадор.
Под сета таа шминка се крие еден од најголемите холивудски фраери - Колин Фарел. На фотографијата ирскиот актер е речиси непрепознатлив. На сцената со него е и Патисон, но и Зои Кравиц, која ја глуми жената-мачка.
Колин е еден од многуте глумци што го глумеле негативецот Освалд Коблпот, познат како Пингвин. Во текот на 60-тите години го глумеше Берџис Меридит, во 1992 година во филмската адаптација „Бетмен се враќа“ го глумеше Дени Девито, а како Пингвин се појави и Ричард Лорд Тејлор во ТВ-серијата „Готам“.
Инаку, новиот „
Бетмен“ е блокбастер во најава, но никако да стигне до публиката поради пандемијата. Снимањето на филмот, чиј буџет е 100 милиони, накратко беше прекината кога Роберт Патисон се зарази со коронавирусот, така што сега премиерата е преместена за 2022 година.
Извор:
Noizz.rs
Фото: GC/Images