Одржан концерт на кој и публиката и бендот биле во пластични меури
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Во понеделникот бендот „Флејминг липс“ одржал концерт во сојузната американска држава Оклахома на кој сите, и изведувачите и публиката, биле во сопствени пластични меури.
Меурите се креативен начин за одржување концерт во текот на
пандемијата без публиката да се стави во опасност. На видеата што беа објавени на социјалните мрежи се гледа дека некои гости танцуваат.
Според бендот, меурите би можеле да помогнат за заживување на музичката индустрија. Меурите имаат доволно воздух за да се користат со часови.
Автор: Ден Робитски
Извор:
futurism.com