Од тротинети до велосипеди: „CrazyLabs“ го промовира еколошкиот превоз

Од тротинети до велосипеди: „CrazyLabs“ го промовира еколошкиот превоз

Во време на брзи промени, зелените иницијативи се клучни за одржлива иднина. „CrazyLabs“, светски позната компанија за мобилни игри и дел од „Embracer Group“, повторно демонстрираше своја посветеност на зелените иницијативи.

Две години откако подари електрични тротинети, компанијата повторно инвестираше во зелени иницијативи, купувајќи над 35 велосипеди за вработените. Оваа иницијатива не само што го намалува загадувањето, туку и го поттикнува здравиот начин на живот.



Еден од многуте бенефити за нашите вработени е програмата за транспорт, во која на секои две години вработените можат да изберат помеѓу електричен тротинет или финансиски надоместок. Овој пат, во дополнение на тротинетите, им понудивме и велосипеди како опција, и сме навистина срекни што поголемиот дел од нив избраа 100% еколошко превозно средство.

Нашите вработени не само што придонесуваат кон почиста околина, туку и го подобруваат своето физичко здравје. Ние веруваме дека компаниите имаат одговорност да ја водат промената и да бидат пример за другите,“ велат од „CrazyLabs“ во Македонија.



Оваа иницијатива од „CrazyLabs“ е само еден од многуте начини на кои компанијата придонесува за заедницата. Дополнително, тие планираат да организираат различни настани и активности со велосипедите, со цел да ја зголеми свеста за важноста на одржливиот транспорт.

Бенефит е да се работи во компанија која е свесна инвестира во зелена иднина.
Доколку сакате да бидете дел од „CrazyLabs“, погледнете ги нашите отворени позиции тука!

Стани дел од „CrazyLabs“ и вози велосипед кон подобра и почиста иднина!"

(комерцијална објава)