Погледнете како изгледа патувањето околу светот со брзина на светлината

Погледнете како изгледа патувањето околу светот со брзина на светлината

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Сите знаеме колку е важно да си брз, било во извршувањето на задачите или во спортот, но постои брзина која далеку ги надминува нашите можности - брзината на светлината. За повеќето од нас, тоа е термин од научна фантастика или физика, нешто што го слушаме во приказните за вселенски бродови и оддалечени галаксии. Но, колку е навистина брзо патувањето со брзина на светлината? А што би се случило кога би било возможно патување околу нашата планета со таа неверојатна брзина? Неодамнешно видео кое прикажува симулација на такво патување предизвикува огромен интерес на интернет, шокирајќи ги гледачите.

Многумина од нас користат изрази како „брзо како молња“ или „брзина на светлината“, но ретко размислуваме за тоа колку се точни овие фрази. Иако движењето со брзина на светлината е недостижно за ниту еден познат објект, науката ни дава можност барем да ја замислиме таа брзина. Во реалноста, брзината на светлината е непоколеблива константа – точно 299.792.458 метри во секунда, што е неверојатно побрзо од сè што сме успеале да постигнеме.

Оваа брзина е горната граница со која може да патува секоја материја или енергија, според Теоријата на релативноста на Ајнштајн. Но, како би изгледало кога би можеле да ја обиколиме Земјата со оваа неверојатна брзина? Вирално видео на „Јутјуб“ го покажува токму тоа.

Видеото почнува со симулирање различни брзини, пред да не однесе на патување околу Земјата со брзина на светлината. Во осум фрејмови од видеото гледачите се сведоци на патување кое започнува во Њујорк, се движи низ Пацификот, поминува низ Австралија, потоа преку Индискиот Океан и Африка, за да заврши пак во Њујорк.

Извор: klik.hr

Фото: Freepik