Пракса во тимот за набавки, логистика и недвижности на Македонски Телеком

Пракса во тимот за набавки, логистика и недвижности на Македонски Телеком

Македонски Телеком има потреба од студент од Економски Факултет за обавување на платена пракса во Набавки, логистика и недвижности, во времетраење од 6 месеци, со полно работно време.

Доколку сте амбициозни и заинтересирани за практично искуство во областа на набавки, логистика и недвижности, ова е одлична можност за Вас! Нудиме извонредна шанса да станете дел од нашиот динамичен тим и да се запознаете со процесите на евиденција и архивирање на документи, како и да добиете увид во секојдневното оперативно работење на нашата компанија.

Опис на работни задачи:

Евиденција и архивирање на документација за вршење на царински работи, вклучувајќи евиденција на царински декларации и поврзаната документација
Помош и поддршка при евиденција и архивирање на активности поврзани со недвижности
Извршување дополнителни активности за поддршка на секојдневното оперативно работење во одделот за Набавки, логистика и недвижности

Што очекуваме:

Желба за учење
Висок степен на мотивација за реализација на проектите
Вљубеник во технологијата
Одговорност, организираност и внимание на детали
Добри комуникациски вештини
Тимски играч

Што нудиме:


Можност за стекнување практично искуство во динамична и професионална работна средина
Можност за професионален развој и унапредување на вештините
Менторство и поддршка од искусен тим на професионалци

Доколку поседуваш тимски дух и иницијативност, сакаш да си дел од Македонски Телеком, не чекај и аплицирај најдоцна до 20.10.2024!

Забелешка:

Сите примени апликации ќе бидат разгледани со строга доверливост. За одредени позиции е можно да биде спроведен тест на пред-селектираните кандидати, пред да биде направено финалното интервју. За интервју ќе бидат контактирани само кандидати кои ќе влезат во потесен избор.

Нецелосните апликации и оние кои ќе бидат примени по истекот на крајниот рок нема да бидат земени вo предвид.

Македонски Телеком АД го задржува правото да не ја пополни огласената позиција.

Аплицирајте ТУКА