Во кој европски град има најдобар, а во кој најлош јавен превоз?

Во кој европски град има најдобар, а во кој најлош јавен превоз?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Неодамна жители на градови од Европа дадоа свое мислење за јавниот превоз, а резултатите покажаа дека градовите од Северна и Западна Европа пријавија поголемо задоволство од јавниот превоз, додека урбаните центри во Јужна и Источна Европа покажаа пониска стапка на задоволство.

Но, треба да се земе предвид дека одењето од точка А до точка Б не е исто низ цела Европа.

Јавниот превоз има големо влијание врз целокупното задоволство на жителите.

7 од 10 жители во Европа генерално се задоволни од јавниот превоз во нивниот град, покажува извештајот на Европската комисија. Постои огромен јаз во нивото на задоволство од јавниот превоз низ европските градови.

Кога се споредуваат достапноста, безбедноста, зачестеноста и постојаноста, постои географски тренд каде што жителите од градовите од Северна и Западна Европа пријавуваат поголемо задоволство отколку жителите на градовите во Јужна и Источна Европа.

Така, истражувањето покажа дека жителите на Виена се најзадоволни кога станува збор за јавниот превоз (91 отсто), додека најнезадоволни се жителите на Рим (29 отсто).  Кога станува збор за нашиот главен град, 47 отсто од жителите на Скопје изјавиле дека не се задоволни од јавниот превоз во Скопје.

Оваа разлика е уште поголема во други градови, со стапки кои варираат од 22 отсто во Палермо до 95 отсто во Цирих.




Извор: Euronews.com
Фото: Screenshot/YouTube