Бледското Езеро во Словенија изгледа волшебно под снег
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Во Словенија се очекува вистинска зима во наредните денови бидејќи се најавени обилни снегови. Една одлична идеја за кратко зимско патување во Словенија е Бледското Езеро.
Ова езерце е прекрасно во текот на целата година, но во зимските месеци изгледа волшебно. Тоа е познато по дворецот кој е изграден на стрмна карпа и малиот остров на кој има средновековна црква.
До овој мал остров се стигнува со мал брод, а во црквата има 99 скали кои водат до врвот на ѕвоното. Легендата вели дека доколку заѕвоните со ова ѕвоно, треба да замислите желба, па таа ќе ви се исполни.
Извор:
Jolie
Насловна фотографија: Instagram (printscreen)