Најбезбедните земји за купување поволни автомобили
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Пазарот на половни автомобили во повеќето земји се врати на нивоата од пред пандемијата, но транспарентноста останува главна грижа.
Половните автомобили често се единствениот избор ако сакате да добиете добро возило.
Секоја година илјадници луѓе купуваат возила со скриени недостатоци и вратена километража, честопати несвесни дека преплаќаат за автомобил во лоша состојба.
Компанијата „Карвертикал“, специјализирана за податоци за возилата, го спроведе своето годишно истражување за пазарната транспарентност со цел да процени кои земји се најризични за купување користено возило.
Од земјите на Балканот, во истражувањето учествуваа Хрватска, која се најде на 15. место од вкупно 25 земји, Словенија на 10. место, а Србија на 19. место.
Возачите што купуваат увезени возила се соочуваат со најголем ризик да купат автомобил со вратена километража или некое друго скриено оштетување. Според Матас Бузелис, експерт за автомобили и шеф за комуникации во „Карвертикал“, увезените автомобили имаат четирипати поголема веројатност да имаат вратена километража.
Кои пазари се најтранспарентни?
Како и претходните години, Велика Британија беше најтранспарентниот пазар на половни автомобили меѓу сите земји што учествувале во истражувањето.
Само на 2,1 отсто од автомобилите им била вратена километражата, а 17,8 отсто од возилата биле оштетени. За разлика од континентална Европа.
Во првите пет најтранспарентни земји се најдоа и Италија, Швајцарија, Германија и Шведска.
- Купувачите на автомобили во Западна Европа и Скандинавија имаат помала веројатност да се соочат со измами поврзани со километражата или скриени дефекти. Построгите закони гарантираат дека купувачите можат да имаат поголема доверба во историјата и квалитетот на возилото - вели Бузелис.
Меѓу другите европски земји, само Словенија успеа да се пробие во топ-10, заземајќи го 10. место. Најмалку транспарентни земји во истражувањето беа Украина, Латвија, Литванија, Романија и Естонија. Овие пазари и минатата година беа меѓу најслабо рангираните.
Високиот процент на автомобили со вратена километража и оштетувања и високите стапки на увоз придонесуваат овие пазари да се сметаат за крајно нетранспарентни и ризични.
- Ситуацијата на источноевропскиот пазар на половни автомобили останува непроменета. Бидејќи само неколку измамници се казнети за фалсификување на километражата или криење дефекти, оваа штетна практика веројатно ќе продолжи долго време. Уделот на дизел-автомобили кои патуваат од запад кон исток е значителен, што значи дека долгорочната достапност на дизел-возила може да биде загрозена - објаснува Бузелис.
Најголем број измами со километражата меѓу европските земји е забележан во Летонија (11,1 отсто) и Украина (9,6 отсто). Најголем дел од оштетените автомобили е пронајден во Полска (62,1 отсто) и Словачка (60,5 отсто).
Извор:
n1info.hr
Фото: Freepik