Ова не смееме да го заборавиме.
Прочуениот поет Мика Антиќ во наследство ни остави голем број навидум едноставни, но толку генијални ремек-дела.
Стиховите што си ги посветил самиот на себе веројатно најдобро зборуваат и за неговите дела и за неговиот живот. Сакал да љуби, вљубувањето му било омилено „хоби“, а во една пригода напишал и рецепт за среќен живот.
„Земете 12 месеци и добро исчистете ги од горчина, себичност, ситничарење и страв.
Секој месец внимателно исечкајте го на 30 или 31 ден, така што резервите ќе бидат доволни за цела година.
Секој ден засебно да се наполни со фил од: една третина работа, третина душевна ведрина и третина хумор, со додаток од три лажици оптимизам, една лажица трпение, зрнце иронија и прстофат тактичност.
Таа смеса обилно прелејте ја со љубов.
Готовото јадење се украсува со мала китка од ситно внимание и се сервира секојдневно, со задолжителна ведрина, со шолја добар, освежителен чај.“
Преубаво, зарем не?!
Извор