Во селото Динош, кое се наоѓа на околу пет километри од Подгорица, се наоѓа
необично дрво од кое извира вода. Во коренот на црницата, која е од родот на боболките, се наоѓа извор кој се пробил низ стеблото, кое всушност му служи како „славина“ од каде што истекува водата.
Овој редок феномен обично го предизвикуваат обилните врнежи кои ги преплавуваат подземните извори, па дополнителниот притисок ја потиснува водата на површината. Бидејќи дрвото е шупливо, практично се претвора во извор. Фотографијата (подолу) од црницата од селото Динош се појави на социјалните мрежи и покрена низа коментари за древни легенди, приказни и бајки, иако вистината е сосема логична.
Локалниот жител Емир Хакрамај вели дека истото се случува веќе 20-25 години, а можеби и повеќе, затоа што дрвото е старо околу 100 години, можеби дури и 150. Емир вели дека не постои никаква легенда околу ова дрво. „Не сме склони кон измислици, ова е сосема природна работа“, вели тој.
Сепак, иако не постои легенда, вистинско чудо е да се види што сè умее да создаде мајката природа.