375 милиони долари собрани во првичната продажба на криптотокенот петро
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Петро е првата дигитална валута издадена од федерална влада. Нејзината продажба има цел да ја подобри економијата на Венецуела, погодена од хиперинфлацијата и американските санкции.
Венецуела успеа да собере 735 милиони долари во првиот ден од претпродажбата на нејзината криптовалута петро, вели Николас Мадуро, претседател на државата.
Продажбата на валутата била наменета за извлекување на земјата од економскиот ќор-сокак. Мадуро се надева дека оваа валута ќе ѝ овозможи на Венецуела да ги преживее санкциите наметнати од Америка.
Валутата на Венецуела, боливар, неодамна доживеа рекордни падови. Венецуела се бори со инфлација и социјалистичка економија што е во неволја.
Мадуро се надева дека петрото ќе ѝ дозволи на Венецуела да ги заобиколи американските санкции бидејќи боливарот доживува рекордни падови и се бори со хиперинфлација и распаѓање на социјалистичката економија.
Мадуро не даде детали за првичните инвеститори. Според опозицијата, продажбата на петро е нелегално издавање долг и не е во согласност со законодавниот дом на земјата. Министерството за финансии на Америка предупреди дека може да ги прекрши санкциите што ѝ биле наменети на Венецуела минатата година.
Владата на Венецуела ги претстави своите планови и очекувања за петрото на веб-страница изградена за криптовалентност. Владата го најави токенот како форма на законско средство што може да се користи за плаќање даноци и други јавни потреби. Цената на токенот ќе биде базирана на цената на барел на венецуелската нафта од претходниот ден.
Петрото е првата дигитална валута што ја издава федерална влада. Сепак, иницијативата привлече критики, вклучувајќи ги и пратениците внатре и надвор од земјата.
Официјалната веб-страница за петро објави водич за поставување виртуелен паричник каде што ќе може да се чува криптовалутата. Петро ќе излезе во јавност наредниот месец. Владата очекува да привлече инвестиции од инвеститори од Турција, Катар, Америка и Европа, според венецуелскиот супервизор за криптовалути Карлос Варгас.
Вредноста на вкупното издавање на 100 милиони
токени е проценета на над 6 милијарди евра.