Како размислувал Сталин?

Како размислувал Сталин?

Подготвил: Б.Б.


Јосиф Сталин
(Фото: Wikimedia Commons)


Јосиф Висарионович Сталин, некогашниот претседател на централниот комитет на Комунистичката партија на СССР, бил на власт од 1922 година до неговата смрт, 1953 година. Останал запаметен како еден од најозлогласените владетели, одговорен за неколку милиони смртни случаи.

Како размислувал овој диктатор, можеме барем малку да откриеме преку најпознатите негови цитати:

1. Доволно е луѓето да знаат дека изборите се одржале. Луѓето што гласаат не одлучуваат ништо. Луѓето што ги бројат гласовите одлучуваат за сè.

Сталин отсекогаш бил подготвен да направи сè што е потребно за да дојде на власт. За тоа најдобар е примерот со Лев Троцки, кој имал поголемо право да ја заземе претседателската позиција, но Сталин не го дозволил тоа.

2. Смртта ги решава сите проблеми. Нема луѓе – нема проблеми.

За време на своето владеење Сталин ги решавал проблемите со физички чистки. Познато е дека сакал да го намали влијанието на Украина во СССР. Доказ за тоа е случајот „Голодомор“ (1932-1933).

Имено, покрај санкциите, во Украина настанал огромен глад кој однел 4 милиони жртви. Уште еден пример е Големата чистка, која претставува ликвидации на политичките противници и луѓето што го издале режимот. Воопшто не било тешко да се исполни критериумот за овие титули. Конечните процени на историчарите покажуваат дека тој е одговорен за смртта на минимум 15 милиони луѓе.

3. Идеите се многу посилни од оружјето. Ние никогаш не би дозволиле нашиот непријател да има оружје, па зошто да им дозволиме да имаат идеи.

За време на долгото владеење на Сталин траела и силна комунистичка пропаганда. Постојат и интересни слики кои сега очигледно се лажни и го прикажуваат грижливиот Сталин покрај скончаниот Ленин. Своевремено биле креирани со цел Сталин да стекне кредибилитет преку самиот татко на револуцијата.

4. Кога ќе ги бесеме капиталистите, тие ќе ни го продадат јажето што ќе го искористиме при бесењето.

Секому му се познати огромните разлики помеѓу капитализмот и социјализмот. Покрај марксистичката идеологија за создавањето социјалистичко уредување кое бара глобална револуција, за време на Сталин настанал сталинизмот, кој се залагал за социјалистичко уредување во рамките на само една држава.    

5. Доколку кој било министер за надворешни работи почне до смрт да ја брани „мировната конференција“, можете да бидете уверени дека неговата влада веќе издала наредба за нови воени бродови и авиони.

Сосема неизненадувачки, Сталин бил многу сомничав кога била во прашање политиката. Еднаш дури го споредил еден искрен дипломат со сува вода, а овој цитат воопшто нема да загуби на вредност со текот на времето.

6. Папата? Колку дивизии има тој?

Оваа смешна изјава зборува за тоа колку Сталин го почитувал папата и воедно покажува што било мерило за почитта на Сталин кон некого.

7. Во советската армија потребна е поголема храброст да се повлечеш отколку да нападнеш.

За време на Втората светска војна војниците на Советскиот Сојуз навистина имале поголеми шанси да преживеат заминувајќи во војна отколку со повлекување. Ако војникот се повлечел, во првата пригода ќе бил стрелан.

8. Смртта на еден човек е трагедија. Смртта на милиони е статистика.