80-годишен пензионер има шест факултетски дипломи

80-годишен пензионер има шест факултетски дипломи

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

haim
Фото: Thinkstock

80-годишниот пензионер Хаим Шаша е најстариот израелски студент и рекордер на универзитетот каде што учи - има шест дипломи.

Шаша имал 16 години кога од Ирак се преселил во Израел, а искусил и апсење во Иран. Откако пристигнал во Израел, почнал да се занимава со земјоделство и не завршил средно образование до неговата 67. година од животот. Досега стекнал шест факултетски дипломи: историја, исламски студии, блискоисточни студии, политички науки, еврејска историја и меѓународни односи.

„На почетокот студентите ме гледаа како ретка птица. Подоцна сфатија дека можам да учествувам на предавањата и дека имам што да покажам“, истакнува Хаим Шаша.