Што се слуша во светот - популарната музика од Кина до Бразил

Што се слуша во светот - популарната музика од Кина до Бразил

Подготвил: Тамара Гроздановски

muzika

Кога зборуваме за светска култура, воглавно тоа е од евроцентричен аспект. Со тоа, често немаме увид во тоа кој вид на музика е популарен во различни делови од светот.

Кина




Со жители од околу 1.4 милијарди луѓе, Кина содржи отприлка 20 отсто од светската популација. Овој податок секако наговестува огромен моќ на кинеската музичка индустрија. Но тоа до некаде е точно.

Популарната музика во Кина била создадена во 90-те години на минатиот век под името шидаику и претставува мешавина од народна кинеска музика и американски џез, а најголемо влијание имал Бак Клејтон. Најголем музичар од тој жанр бил Ли Јинхуи.

40-те години биле врв на популарната музика во минатиот век во Кина, до 1952 година кога комунистичката власт ги забранила ноќните клубови и дискотеки, а популарната музика се етикетирала како еден вид порнографија. Таквите правила траат и денес, иако се малку поблаги.

Најслушната музика денес во Кина е западниот поп, а во најголема мера тоа се изведувачи Џастин Бибер, Ед Ширан, Џастин Тимберлејк, а веднаш позади нив се кинеските „бој бендови“.

Генерално, тематиката на кинеската популарна музика е проста и еднолична - славење на комунистичката држава и љубовта се главната тема и за тоа се заслужни рестриктивните закони кои секоја друга тема ја исфрлаат како неодговарачка.

Исто така, ако некогаш се најдете во ситуација да барате добра вечерна забава во Кина, а истовремено сакате караоке, ќе бидете воодушевени со бескрајната понуда на караоке барови кои се особено ценети и можат да се најдат на секој чекор.

Нигерија


Нигерија може да се гордее со богатата и единствена музичка култура. Како и останатиот дел од светот, музиката на Нигерија од втората половина на 20-от век започнала да е под влијание на звукот на западната музика.

Иако, пред тоа, најпопуларните жанрови биле хајлајф, апала и палмвајн.

Палмвајн е музика со која, според традицијата, се пие алкохол, па така го добила и името. Од неа се раѓа најголемиот жанр на нигериската музика - јују. Овој правец се карактеризира со звук на гитара и тапани.



На денешната нигериска музичка сцена доминира ар ен би, хип хоп и трап.



Русија

Руската музика драстично се променила после Октомвриската револуција. Била промовирана класичната музика, а било какво експериментирање било оставено настрана и било забрането. Покрај класиката, во раниот период на рускиот комунизам, единствената музика која опстојувала и била популарна бил џезот. Можеби најголемото име од тој правец бил Леонид Утјосов.



За време на Втората светска војна се создал простор за поедноставни песни.



Еден од најпопуларните уметници и најдобри пејачи е Витас, кој бил опишан како рускиот Битлси на 21-от век, според популарноста.



Поп музиката е посебна, бидејќи ретко имаме можност да слушаме љубовна песна која ја изведува група на луѓе со фантомки на главата.


Бразил

Музиката во Бразил е разновидна и располага со голем број популарни жанрови. Чоро, што се преведува како плач, ја претставува класичната музика од почетокот на 20-от  век и нејзиниот најголем претставник е Ернесто Назарет.

Позната е и самбата која се појавила во 20-те и произвела многу успешни машки изведувачи како Марио Реис, Силвио Калдас, како и познати изведувачки, сестрите - Аурора Миранда и Кармен Миранда.



Моментално, во Бразил преовладува серетанехо, што е нивниот израз за кантри музика, иако не звучи слично. Најпознати изведувачи на овој жанр се Луан Сантана и Енрике и Хулијано. Исто така, важно е да се спомене популарниот бразлиски хип хоп.



„Полесно е да сфатите еден народ слушајќи ја неговата музика, отколку учејќи го неговиот јазик“.