Апликација со која можат да ве шпионираат на „Вацап“

Апликација со која можат да ве шпионираат на „Вацап“

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

вацап
Фото: Shutterstock

Познајниците и пријателите што ги имате на „Вацап“ од неодамна можат да ве шпионираат благодарение на една апликација.

Новата апликација за „Ајос“ на корисниците им овозможува да ги следат своите контакти во „Вацап“ така што проверуваат кога тие ја активираат или исклучуваат апликацијата.

Апликацијата „Четвач“ го бележи проверувањето на онлајн-статусот наместо корисникот, давајќи увид во активностите на неговите контакти. Компанијата што ја развила апликацијата тврди дека е невозможно да се избегне нивното будно око. Не помага ни исклучувањето на функцијата „Последен пат виден“.

„Четвач“ може да ги следи контактите дури и тогаш кога корисникот не е во апликацијата, со едноставно започнување разговор (без испраќање пораки). Увидот не остава никакви траги, а на корисникот му дава до знаење колку време неговиот контакт поминува разговарајќи.