Како да се паркирате паралелно?
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Паралелното паркирање во тесните градски улици е често единствен начин како да го паркирате вашиот автомобил. За жените возачи се поврзува стереотипот дека не се добри во оваа вештина, но праксата покажува дека тоа важи и за двата пола.
Паралелното паркирање знае да биде кошмар ако се обидувате тоа да го направите во тесна улица каде што нема многу простор за маневрирање. Паркирањето станува уште потешко кога ве фаќа нервоза бидејќи во еднонасочната улица позади вас се создала колона нервозни возачи, кои постојано ви свират.
Затоа, во продолжение е гиф кој ви покажува како треба правилно да го направите паралелното паркирање.