Најслатката скулптура во светот е направена со помош на 60.000 пчели
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Одредена уметност може да се оцени како фасцинантна од повеќе причини. Во случајот со оваа биста на легендарната египетска кралица Нефертити, уметничкото дело е фасцинантно бидејќи е направено со помош на 60.000 пчели.
Талентираниот уметник Томаш Либертини ги користел пчелите за да ја создаде веројатно најслатката статуа во светот - буквално. Му биле потребни две години за да ја заврши.
Либертини правел и други скулптури од саќе, а бистата на Нефертити е дел од серија на бисти од саќе која вклучува портрет и од Брут и амфора.
Автор: Ниха Тандон Шарма
Извор:
luxurylaunches.com