Едноставна рутина од 60 минути што ќе ви помогне да согорите многу калории
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Кога некој ќе ви каже дека пешачењето не е тренинг, не слушајте го. Секоја активност е добра, и тоа важи и за пешачењето кое може да ви помогне да постигнете цели поврзани со кондицијата и губењето калории.
На повеќето луѓе пешачењето им одговара повеќе отколку трчањето. Меѓу другото, бидејќи пешачењето може да трае подолго од трчањето. Спротивно на популарното мислење, пешачењето е доста ефикасен начин на согорување на маснотиите.
Едно истражување ги разгледувало ефектите од
пешачењето кај жените со прекумерна тежина во период од 12 недели и открило дека е особено ефективно во намалување на маснотиите на стомакот, кои го зголемуваат ризикот од дијабетес и срцеви заболувања.
Затоа пешачењето им се препорачува на сите што патат од прекумерна тежина, но и на оние што немале претходно искуство со вежбање.
За сите што сакаат да станат физички активни, тренерот Еш Вилкинг направи предлог-рутина за пешачење што исто така ќе биде одлична за согорување калории.
Станува збор за рутина што трае 60 минути, а е составена од три дела.
1. Загревање (12 минути)
Една минута одете побрзо од вообичаеното темпо, а потоа 30 секунди трчајте в место, така што колената ќе ги подигнувате што е можно повисоко или со петиците удирајте го задникот. Повторувајте ги овие две вежби наизменично 8 пати.
2. Одење со различно темпо (40 минути)
Три минути одете со побрзо темпо, а потоа две минути побавно. Повторете го ова 8 пати.
3. „Ладење“ (8 минути)
Одете во бавно темпо 8 минути.
Ова е активност на која не ѝ пречат ниту ниските температури. Облечете се добро, уживајте во прошетката и сигурно ќе се чувствувате одлично еден час подоцна.
Извор:
6yka.com
Фото: Freepik