Како да го заштитите здравјето на цревата додека сте на антибиотици?

Како да го заштитите здравјето на цревата додека сте на антибиотици?

Подготвил: Маја Пероска

Лектор: Ивана Кузманоска

Зимата е период на настинки и вируси, па сигурно вие или некој од вашето семејство може да доживее пад на имунитетот и да се разболи.

Лекарите често препишуваат антибиотици кои помагаат во борбата против бактериските инфекции, како голема кашлица или стрептокок. Сепак, нарушувањето во цревата предизвикано токму од антибиотиците може да има непријатни ефекти, вклучувајќи вознемирен стомак, гадење или дијареја.

- Додека се борат со бактериите што ве разболуваат, тие исто така ги убиваат добрите бактерии што се во нашите црева - изјави д-р Лаури Рајт, вонреден професор и директор на програмите за исхрана на Универзитетот во Јужна Флорида.

Уверувањето дека ја јадете вистинската храна додека сте на антибиотици може да ја промени играта и да ја врати здравата рамнотежа на корисни бактерии во организмот. Портпаролот на Академијата за исхрана и диететика на САД, Тереза Џентил, изјавила дека луѓето може повторно да го поттикнат растот и повторно да ги населат цревата со добри бактерии преку храна или со дополнителни пробиотици.

На пример, за антибиотици што не треба да се земаат со храна, треба да јадете или два часа пред или еден час по дозата.

Која е најдобрата храна додека сте на антибиотици?


Додека земате антибиотици, диететичарите препорачуваат да јадете пробиотска храна која е богата со здрави бактерии. Јогуртот и урдата се одлични опции.

Пребиотичката храна е, исто така, клучна при земање антибиотици бидејќи влакната во неа честопати можат да стигнат до дебелото црева. Овие намирници им помагаат на бактериите во пробиотиците да напредуваат. Изберете банани, лук, кромид, јаболка и грав за почеток.

И на крај, храната богата со витамин К е корисна бидејќи антибиотиците можат да ги убијат бактериите што тие ги произведуваат.

-Зголемувањето на внесот на зелен зеленчук, како што се спанаќот и кељот, е начин да се врати витаминот К преку храната - потенцира Рајт.

Која храна никогаш не треба да ја јадете додека сте на антибиотици?


Дефинитивно треба да му верувате на вашето тело и на она што се сеќавате дека функционирало за време на последната серија на земање антибиотици. Сепак, постојат неколку видови храна од кои треба целосно да се држите настрана додека земате антибиотици.

Пржената храна и другата храна со вишок маснотии треба да се избегнуваат. Исто така и зачинетата храна бидејќи таа може да го зголеми гадењето. Слатката храна може да ги поттикне штетните бактерии во цревата, па затоа треба да се избегнуваат во овој период, велат експертите.

Како што секој добар лекар би ве известил пред да го земете вашиот рецепт, не пијте алкохол додека земате антибиотици бидејќи може да ги влоши несаканите ефекти, како гадењето и појавата на дијареја.

Извор: medicalxpress.com

Фото: Freepik