Виртуелни тури што може да ги погледнете без да патувате
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Пандемијата на коронавирусот доминира во вестите, на социјалните мрежи и во нашите секојдневни животи. Соодветно се зголемуваат мерките за спречување на ширењето на вирусот и нивниот ефект врз ранливата популација.
Сепак,
патувањето останува најдобар начин да се покажат интернационалните врски и култури. Засега, бидејќи мора да се грижиме за здравјето, ќе треба да бидеме виртуелни патници. Учењето и откривањето нови места не мора да запре.
Виртуелна авантура низ Големиот Кањон
Големиот Кањон може да го видите преку фотографиите со 360 степени, да одите на виртуелна прошетка или да летате над реката Колорадо со падобран.
Фото: Големиот кањон/Pixabay
Гледајте лами во Мачу Пикчу
Високо на планините на перуанските Анди се наоѓа Мачу Пикчу, стара тврдина изградена во 15 век. Посетата на ова место може да ви донесе прекрасни планински погледи, дружење со ламите и извонредни прошетки низ старите рушевини.
Фото: Мачу Пикчу/Pixabay
Талкајте низ Систинската капела во Италија
Лоцирана во Ватикан, Систинската капела е позната по ренесанските фрески. Во живо, капелата е преполна со луѓе и може да биде тешко да уживате во уметничките дела со сите нивни детали. Виртуелната тура не е само одличен начин да се цени капелата без да ви пречат многу луѓе, туку може и да ги видите градините, вилите и музеите.
Фото: Систинска капела, Pixabay
Посетете ја земјата на создавањето
Ерусалим е дом на трите монотеистички религии: јудаизмот, христијанството и исламот. Базиликата на Светиот гроб е една од најпосетените локации во Ерусалим. Лоциран во христијанскиот дел на стариот град во Израел, овој религиски објект е место каде што Исус бил распнат на крст, каде што бил најден празниот гроб и каде што се верува дека воскреснал.
Фото: Ерусалим/Pixabay
Тура низ Белата куќа
Посетувањето на Вашингтон не се препорачува во моментов, но сепак може да одите на виртуелна прошетка низ Белата куќа. Можете да ги видите канцеларијата на потпретседателот, библиотеката со книгите за законот како и разните уметнички дела што ја исполнуваат куќата.
Фото: Белата Куќа/Pixabay
Посетете го музејот „Гугенхајм“ во Њујорк
Овој музеј во Њујорк е еден од најпрекрасните структури дизајнирани од страна на Френк Лојд Рајт. Белата спирална платформа се протега од дното до врвот на организиран и прекрасен начин.
Фото: Музеј „Гугенхајм“/Pixabay
Разберете го природниот свет во Вашингтон
Националниот природонаучен музеј на САД, дом на 125 милиони артефакти, е една од најпосетуваните институции на планетата. Посетете ги излозите од вашиот компјутер или мобилен телефон преку виртуелна тура. Бидете трпеливи додека се вчитуваат страниците за одблизу да ги видите предметите.
Фото: Национален природно-научен музеј во САД/Pixabay
Посетете ги Статуата на слободата и островот Елис во Њујорк
Доколку не сте биле во Њујорк, тогаш Статуата на слободата на островот Либерти и националниот музеј „Елис“ на истоимениот остров се сигурно на вашата листа со места што сакате да ги посетите. Двата острова вреди да се посетат.
Фото: Статуа на слободата/Pixabay
Насмевнете ѝ се на Мона Лиза во Париз
Музејот „Лувр“ во Париз е најголемиот музеј за уметнички дела во светот, дом на повеќе од 35.ооо изложени дела, вклучувајќи ја и „Мона Лиза“, дело на Леонардо да Винчи. Вие може да го посетите музејот виртуелно од вашиот дом. Ова онлајн-искуство може да ви биде и добро истражување за во иднина кога ќе патувате во Париз.
Фото: „Лувр“/Pixabay
Видете ги богатствата на Британскиот музеј во Англија
Дом на стари грчки вазни, египетски мумии и скулптури од Астеците, музејот е една од најпопуларните туристички атракции во Лондон. Видете импресивни примери за човечката историја, уметност и култура преку виртуелната тура.
Фото: Британски музеј/Pixabay
Научете за историјата на Амстердам
Државниот музеј во Амстердам е еден од најпосетуваните музеи во градот, а има и зошто. Тука може да ги видите делата од златната доба на Холандија. Самиот објект е уметничко дело и вреди да се види.
Фото: Државен музеј во Амстердам/Pixabay
Лебдете над Кинескиот ѕид
Ѕидовите на тврдината, кои се протегаат илјадници километри, биле изградени во северниот дел на Кина за да се заштити државата од освојувачите и да се контролира размената на стоки. Кинескиот ѕид е познат како едно од најимпресивните и најзначајни археолошки човечки дела во историјата.
Автор: Венди Алтшулер
Извор:Tripsavvy.com