Морж од Арктичкиот Круг заспал на санта мраз и стигнал до Ирска

Морж од Арктичкиот Круг заспал на санта мраз и стигнал до Ирска

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

На плажа во Ирска бил забележан морж кој веројатно стигнал дотаму на парче мраз од Арктикот. Се претпоставува дека моржот заспал на мразот. Петгодишно девојче и нејзиниот татко го забележале моржот на плажата во Ирска, на 14 март.

Повеќето моржови живеат во близина на Северниот Поларен Круг, или Арктичкиот Круг, каде што ловат школки во плитка вода и се одмораат на санти мраз и на плажите. Ваквите животни ретко може да се забележат во Ирска. Првиот морж во Ирска бил забележан во 1897 г., а следниот дури во 80-тите години на 20 век. Оттогаш биле забележани околу 20 моржа во Ирска.



Се претпоставува дека моржот што бил забележан во Ирска неделава е млад. Кевин Фленери, морски биолог во аквариумот „Дингл оушнворлд“, изјавил за локалните медиуми дека моржот веројатно заспал на санта мраз која се оддалечила од копното, а кога се разбудил бил предалеку во океанот.

Според Фленери, можно е моржот да патувал од остров до остров преку Исланд и Шетландските Острови, но тоа е помалку веројатно.

Автор: Николета Ланес
Извор: livescience.com
Фото: Pixabay