Мистериозно село што не постои - сите куќи се обоени во светли бои за да привлечат туристи
Подготвил:
Тамара Гроздановски
Лектор:
Ивана Кузманоска
Градовите и селата секогаш никнуваат покрај брегот, овозможувајќи комуникација со светот и побрз развој.
И денес е целосна мистерија како настанало ова село составено од куќи распоредени на карпите во три мали групи, без централен плоштад. Скриено од отвореното море и патот, селото Фуроре се протега покрај брегот на Италија, а сега се претвори во атрактивна туристичка дестинација. Веќе има ресторан, продавница за сувенири, музеј, ботаничка градина и кратка плажа.
Селото е скриено во фјорд, во мала пукнатина на карпите која служела за заштита на нејзините жители од морски разбојници. Сите згради, улици и скали се скриени зад карпите кои не се гледаат од морето. Така, Фуроре го добило името „селото што не постои“.
Кога градоначалникот одлучил дека остатокот од светот треба да дознае за нивното село и за нив, и дека селото треба да се појави на мапата, наредил сите куќи да бидат обоени во светли бои што ќе им го привлечат вниманието на туристите. Оваа традиција е задржана до ден-денес и локалното население често кани уметници од целиот свет за да ги украсат локалните згради.
Секој септември уметниците се собираат за да нанесат живописни бои на ѕидовите на куќите. Сега Фуроре може да се види од брегот, а главна атракција во селото е фјордот Дизраели. Станува збор за тесна клисура во чиј внатрешен простор се наоѓаат стари рибарски куќи.
Според процените, во 2011 година во селото живееле околу 810 жители.
Фото:
Instagram