Мистеријата на напуштената вила: Клавир, книги и поставена трпеза ги чекаат сопствениците што никогаш не се вратиле

Мистеријата на напуштената вила: Клавир, книги и поставена трпеза ги чекаат сопствениците што никогаш не се вратиле

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Длабоко во срцето на Франција, скриена меѓу старите дрвја и обрасната со вегетација, стои величествена вила за која времето застанало пред неколку века.

Оваа некогаш живописна семејна резиденција денес е нем сведок на едно минато време, со својот раскошен ентериер зачуван и покрај тоа што поминало толку многу време.

Еден урбан истражувач, на „Тик-ток“ познат како „Exploring Abandoned“, одлучил да погледне зад ѕидовите на вилата и открил недопрена внатрешност. Мебелот, уметничките дела, порцеланот и личните предмети сè уште стојат на своите места, како да ги чекаат своите сопственици да се вратат.

Собите се во елегантни зелени нијанси, додека црвениот тепих и сликите со богати бои создаваат драматичен контраст во овој напуштен простор.

Watch on TikTok
Како времето да застанало

Траги од минатите животи можат да се забележат насекаде. Оставени се стари фотографии, облека, па дури и карти на масата кои сведочат за деновите кога оваа куќа била полна со живот.

И покрај долгогодишната напуштеност, во неа нема знаци на вандализам – сè останало недопрено, како некој сè уште да се грижи за неа.

Оваа вила не е обична напуштена куќа. Таа е вистински прозорец во минатото, замрзната во времето, чувајќи ги тајните на своите некогашни жители. Останува прашањето: дали некој повторно ќе го оживее нејзиниот некогашен сјај или засекогаш ќе остане изгубена во заборавот?

Извор: 24sedam.rs
Фото: Screenshot/YouTube