Истражувачи ќе градат делови за нуклеарен реактор со 3Д-печатач

Истражувачи ќе градат делови за нуклеарен реактор со 3Д-печатач

Подготвил: Драгана Петрушевска

Инженери и нуклеарни физичари имаат необичен план да направат револуција во индустријата за нуклеарната енергија. Тие сакаат да изградат делови за реактор во лабораторија користејќи 3Д-печатач.

Тимот од американската лабораторија „Оук Риџ“ гледа на 3Д-печатењето како на начин да ја однесе индустријата за нуклеарна енергија во 21 век. Изградбата на нови делови за еден нуклеарен реактор е скапа и одзема време.


Фото: Pixabay

Инженерите треба да го направат делот, да го стават во реактор за тестирање и да проценат дали функционира. Со правење на деловите со 3Д-печатач истражувачите велат дека може да ги тестираат новите делови, особено оние комплицираните, многу побргу.

- Знаеме како функционираат овие концепти. Проблемот е што не може да ги изградиме доволно брзо и евтино - вели истражувачот Курт Терани.

Истражувачите планираат да отпечатат еден дел за мал нуклеарен реактор кој планираат да биде готов до 2023. Нуклеарниот реактор на кој ќе се експериментира може да создаде енергија за околу 1.000 домови.

Автор: Ден Робитски
Извор: futurism.com