Нов хит на интернет: Како совршено да затворите кутија со житарки?
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Малку работи претставуваат толкаво задоволство како откривањето трик кој ќе го користите секојдневно. Благодарение на интернетот, целиот свет дозна за еден трик откриен од Беки Холден Мекги, жителка на Блекпул, Велика Британија. Таа го открила совршениот начин за затворање на хартиени кутии со храна, како оние за житарки и мусли.
- Ми требаа само 40 години, но сега го знам правилниот начин на затворање кутија за житарки - напишала таа на „
Фејсбук“.
Таа го покажува трикот во видео кое досега има над 4 милиони прегледи.
Извор:
art-sheep.com
Фото:
Facebook