Научниците ја создадоа петтата агрегатна состојба во вселената
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Научниците на НАСА на Земјата соработувале со астронаутите што се наоѓаат во Меѓународната вселенска станица за да го создадат првиот Бозе-Ајнштајнов кондензат, кој се смета за петтата агрегатна состојба, во вселената. Бозе-Ајнштајновиот кондензат траел стотици пати подолго во Меѓународната вселенска станица отколку на површината на Земјата.
На Земјината површина атомите се одвојуваат речиси инстантно по обидот да се направи супстанцијата, додека во вселената тие траеле повеќе од една секунда. Дури и по одвојувањето начинот на кој атомите реагираат еден на друг во вселената е интересен. Без гравитација, тие лебдат како и сè друго. Сега научниците може да ги
истражуваат во околина со микрогравитација.
Истражувањето било спроведено во новата истражувачка лабораторија во станицата наречена „Колд атом лаб“. Таа била додадена во станицата во 2018 по долг процес на дизајнирање кој почнал во 2011. Сите експерименти се контролираат од Земјата.
НАСА ја нарекува лабораторијата „најстуденото место во универзумот“ бидејќи користи технологија за ладење од површината на Земјата во природно ниски температури во вселената.
Автор: Керолин Делберт
Извор:
popularmechanics.com