Германија подготвува национална стратегија за осаменост
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Германското Министерство за семејство планира да работи на стратегија против осаменост кај жителите.
На стратегијата ќе работат претставници од Министерството, како и здруженија и експерти од областа. Таа треба да биде готова до крајот на мандатот на актуелната влада.
- Осаменоста погодува многу луѓе. Постарите, кои останале сами по смртта на партнерот и имаат малку пријатели, често не се подвижни и не може да излезат од домот. А сакаат со некого да разговараат, да зборуваат за своите радости и таги - изјавила министерката за семејство на Германија, Лиса Паус.
Таа додала дека и многу млади луѓе страдаат од осаменост, што се видело во текот на пандемијата.
Според неа, треба да се види како може да се спречи осаменоста, а проблемот треба да се анализира политички и научно.
Извор:
Fenix magazin
Насловна фотографија: Pixabay