НАСА инвестира во ракета што би можела да ги однесе луѓето на Марс и назад за два месеца

НАСА инвестира во ракета што би можела да ги однесе луѓето на Марс и назад за два месеца

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

НАСА инвестира 725.000 долари во нов ракетен систем што би можел да реши една од главните пречки на патот за испраќање луѓе на Марс - времетраењето на патувањето.

Со сегашната технологија, повратното патување до Црвената Планета би траело речиси две години. За астронаутите, трошењето толку време во вселенски лет доаѓа со големи здравствени ризици. Тие би биле изложени на високи нивоа на сончево и космичко зрачење, штетните ефекти на нулта-гравитација и долгиот период на изолација.

Вселенското зрачење е веројатно најголемата закана. Астронаутите кои поминуваат само шест месеци во вселената се изложени на приближно иста количина на зрачење како и 1.000 рендгенски зраци на градниот кош, а тоа ги става на ризик од рак, оштетувања на нервниот систем, губење на коските и срцеви заболувања.

- Најдобар начин да се намали изложеноста на радијација и другите штетни здравствени ефекти е да се скрати должината на патувањето - вели Трој Хау, претседател на „Хоуви индустрис“.

Затоа тој се здружи со НАСА за да ја развие пулсирачката плазма-ракета: нов ракетен систем кој би можел да го скрати кружното патување до Марс на само два месеца.

- Оваа технологија има потенцијал да го револуционизира истражувањето на вселената - пишува НАСА во соопштението и додава дека еден ден може да ги однесе луѓето подалеку од Марс.

Големата предност на ракетата е тоа што може да направи вселенското летало да оди навистина брзо. Има и висок потисок и висок специфичен импулс. Тоа значи дека вселенското летало може да патува повеќе од 160.000 километри на час.

Извор: Business Insider
Фото: Howe Industries