Првите вертикални шуми во Африка ќе имаат 14.000 растенија

Првите вертикални шуми во Африка ќе имаат 14.000 растенија

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Италијанскиот архитект Стефано Боери го носи својот вертикален концепт на шуми во Африка, со станови во форма на коцка. Трите згради на седум ката ќе бидат лоцирани источно од Каиро. Прекрасното дизајнирано архитектонско трио ќе донесе зеленило во областа, а во зградите ќе бидат сместени владини оддели и странски амбасади.

Архитектонското студио на Боери, кое има вертикални шумски проекти на речиси секој континент, на овој проект соработуваше со египетскиот дизајнер Шима Шалаш и италијанската архитектка Лора Гати. Бујното зеленило ќе биде раширено на терасите на трите згради. Боери проценува дека во проектот ќе бидат искористени 350 дрвја и 14.000 грмушки од над 100 вида, што значително ќе придонесе за квалитетот на воздухот во областа.

2

Како и со која било од овие амбициозни вертикални градини, неопходно е прецизно планирање. Се очекува секоја тераса да има растенија избрани според локалната клима. Исто така, внимателно ќе бидат разгледани цветовите што цветаат во различни сезони и нивната височина. Како дополнителен бонус, растенијата не само што ќе обезбедат сенка туку и ќе апсорбираат околу седум тони јаглероден диоксид и ќе произведуваат околу 8 тони кислород годишно.

3

4

Изградбата на коцките, кои ќе бидат 900 квадратни километри, ќе почне во 2020 година. Целта е проектот да се заврши до 2022 година и една коцка да се користи како хотел, додека другите две да останат станбени.