На колку години најголемите светски богаташи ја заработиле првата милијарда?

На колку години најголемите светски богаташи ја заработиле првата милијарда?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

До минатиот век Бил Гејтс ја држеше титулата за најмладиот што ја заработил првата милијарда. Титулата му ја зеде Марк Закерберг кога имаше само 23 години.

Додека од една страна компаниите низ светот во текот на пандемијата поделија милион откази, ги намалија платите, а многу и се затворија, дел од најголемите светски богаташи го зголемија своето богатство за милијарди, односно десетици милијарди долари. Вредноста на Џеф Безос е речиси 200 милијарди долари, додека Марк Закерберг на 36 години тежи 100 милијарди долари.

„Бизнис инсајдер“ истражуваше колку години имале денешните најголеми богаташи кога ја пробиле границата од милијарда долари.

10. Опра Винфри
- Познатата американска водителка денес тежи 2,5 милијарди долари, а до милијарда стигнала во 2003 година, кога имала 49 години. Во историјата ќе остане запаметена како првата Афроамериканка што самостојно заработила милијарда долари.

9. Мег Витман
- Во клубот на милијардери се придружи нешто порано од Опра, во 1998 година кога имала 42 години. Сега нејзината вредност изнесува 5,1 милијарди долари. Витман беше извршна директорка на „Ибеј“ и „Хеулет-Пакард“, а моментално е шефица на стриминг-сервисот „Куиби“. Нејзиното богатство надминало милијарда по излегувањето на „Ибеј“ на берзата.

8. Ричард Бренсон - Во 1991 година Бренсон имал 31 година, а наредните 19 години неговото богатство се искачило на 4,6 милијарди.

7. Илон Маск - Богатството на ексцентричниот извршен директор на „Тесла“ и „Спејс екс“, и еден од основачите на „Пејпал“ се приближува до 70 милијарди долари, а првиот милијардерски чекор го направил во 2012 година, кога имал 41 година.

6. Марк Кјубан
- Познатиот инвеститор и сопственик на „Далас Маверикс“ во клубот на милијардери влегол една година помлад од Маск и Бренсон; во 1998 година.

безос
Фото: Screenshot/YouTube

5. Џеф Безос - Најбогатиот човек на светот станал милијардер  во 1999 година кога имал 35 години.

4. Бил Гејтс - Во клубот на милијардери Гејтс влегол кога имал 31 година. Во тоа време, 1987 година, тој бил најмладата личност во историјата чие богатство надминало милијарда долари.

3. Лери Пејџ
- Откако „Гугл“ излезе на берзата во 2004 година, Пејџ станал милијардер. Тогаш имал 30 години.

2. Еван Шпигел
- коосновачот и шеф на „Снепчет“ станал милијардер пред пет години, а денес овој 30-годишник вреди 4,5 милијарди долари.

1. Марк Закерберг - Тешко дека некој наскоро ќе му ја земе титулата на шефот на „Фејсбук“ како најмлада личност што станала милијардер. Кога станал милијардер, Закерберг имал само 23 години.

Фото: Screenshot/YouTube