Изнајмување играчки како дел од напорите за зачувување на планетата

Изнајмување играчки како дел од напорите за зачувување на планетата

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Данскиот производител на играчките „лего“ размислува за модел за изнајмување на своите познати коцки за да одговори на проблемот со користењето пластика во своите производи.

Производствените компании од различни сектори во моделот на изнајмување гледаат можност за подобрување на влијанието врз животната средина, но и нов извор на приходи.

Комисијата за работа и одржлив развој лансирана во Давос во 2016 година процени дека приходите и потенцијалната заштеда од изнајмувањето производи до 2030 година би можеле да достигнат билион долари.

Потпретседателот на компанијата „Лего“ задолжен за одржливост на работата, Тим Брукс, на лондонската конференција на „Фајненшл тајмс“ за иднината на производството изјави дека „Лего“ е целосно отворен за идејата за изнајмување играчки.

- Тоа е можно, иако постојат одредени технички пречки - истакна Брукс.

Притоа, тој мислеше на сложеноста на одредени комплети лего-коцки што содржат и по илјада делчиња.

- Колкави се шансите да му ги изнајмите на 8-годишно дете и потоа да ги добиете назад сите делчиња - праша Брукс.