Оглас за вработување во Лекс Електрик - Отворени се две позиции

Оглас за вработување во Лекс Електрик - Отворени се две позиции

Лекс Електрик е компанија со седиште во Скопје, Македонија, која на пазарот за електро материјали е присутна од 1999 година. Компанијата бележи постојан подем благодарејќи на својата компетентност и посветеност кон купувачите. Зголемувајќи ја својата техничка база, односно своите логистички потенцијали, компанијате е во можност да му понуди на купувачот најадекватно решение за неговите потреби преку директна продажба, како и преку процес на инженеринг и производство на прилагодени разводни системи. Со постојана определба кон квалитетот и иновативноста, Лекс Електрик е застапник на неколку реномирани компании од областа на потрошувачката и индустриската електрика.

Нашата мисија е да се биде исклучителен, компетентен и иновативен. Лекс Електрик е кориснички ориентирана компанија, која своите продажни активности ги реализира преку директни контакти со своите корисници со цел разбирање на нивните потреби. Ваквиот пристап бара високо ниво на агилност и стручност, односно постојано следење на развојот на технологиите од доменот на дејноста на компанијата. Од оваа причина, Лекс Електрик развојот на компанијата го гледа и преку развој на вработените и работниот амбиент воопшто.

Нашата визија... Потпирајќи се на потенцијалите на компанијата односно со стратешки партнерства, да се обезбеди постојан растеж на компанијата преку ефикасна продажба и производство фокусирани на потребите на потрошувачите."

Фирмата Лекс Електрик Дооел има потреба од:


Референт за продажба (комерцијалист)

Квалификации и личен профил :

-електро инженер/електро техничар

-познавање на англиски јазик

-возачка дозвола Б категорија

-вреден,исполнителен,динамичен

-познавање на автоматика,расвета и останати електро материјали

-работа во AutoCAD

-претходно работно искуство во иста дејност

-амбициозна личност,насочена кон резултати

-одговорна и комуникативна

-самоиницијативност и тимски дух

Ние нудиме:

-финансиски стимуланси

-соодветни обуки

-работно време од 8:00-16:00

Сите заинтересирани лица да испратат CV на zaklina.lekovska@lekselektrik.com.mk

Маркетинг-агент/администратор

Квалификации и личен профил :

-добри комуникациски и презентациски вештини
-доверлива и одговорна личност
-самоиницијативност и енергичност
-способност за тимска работа
-желба за континуирано учење и надградба
-претходно работно искуство,развој и реализација на промотивни активности и маркетинг кампањи
-познавање на англиски јазик и работа со компјутери
-возачка дозвола Б-категорија

Ние нудиме:

-финансиски стимуланси

-соодветни обуки

-работно време од 8:00-16:00

Сите заинтересирани лица да испратат CV на zaklina.lekovska@lekselektrik.com.mk