Ова е најдобрата телевизиска епизода на сите времиња, според IMDb

Ова е најдобрата телевизиска епизода на сите времиња, според IMDb

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Крими-серијата „Да станеш лош“ (Breaking Bad) минатата година беше прогласена за најдобрата серија во последните 25 години, а сега би можела да влезе во историјата како единствена серија чија епизода има совршени 10/10 на IMDb.

Иако IMDb не е секогаш мерило за квалитет затоа што секој може да ги оценува емисиите и филмовите, многу обожаватели ќе се согласат дека епизодата „Озимандијас“ од последната сезона на „Да станеш лош“ заслужува совршена оцена. Тоа е 14 од вкупно 16 епизоди на петтата сезона, во која тензијата што се градеше во изминатите сезони конечно го достигнува врвот.

Епизодата, која го носи името на познатата песна на британскиот поет Перси Б. Шели, го прикажува распадот на криминалната империја на Волтер Рајт. Волтер, кој до тој момент е речиси недопирлив, г изгуби семејството, пријателите и нарко-царството, по што тргнува во бегство.

Епизодата е напишана од Моира Воли-Бекет, а режирана од Рајан Џонсон, познат како режисер на „Војна на ѕвездите: Последниот џедај“.

Епизодата има оцена 10/10 дури четири години, пред во еден момент да падне на 9,9/10. Но, од 2023 година повторно има совршен резултат врз основа на 229.285 гласови од гледачите.



Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube