Невообичаен начин на кој „Икеа“ се вклучува во борбата против загадувањето на воздухот

Невообичаен начин на кој „Икеа“ се вклучува во борбата против загадувањето на воздухот

Подготвил: Билјана Арсовска

Шведскиот ланец на продавници за мебел, „Икеа“, ќе почне со производство на продукти од земјоделски отпад во обид да им помогне на жителите на најзагадените градови во светот полесно да дишат.

Со оглед на тоа дека оризовата слама е еден од најголемите придонесувачи за загадувањето на воздухот во земјите како Индија, „Икеа“ ќе ја откупува од фармерите и ќе ја користи како материја за декорација. Имено, за да се исчисти просторот во фармите пред новата сезона, фармерите палат по неколку тони посев и така создаваат огромни количини штетни честички кои ја загадуваат околината. Анализите покажувааат дека само овој месец дури 33 отсто од вкупното загадување во Њу Делхи е предизвикано од запален посев.

Затоа „Икеа“ ја започна иницијативата „Подобар воздух сега“ (Better Air Now), со цел создавање на модел кој ќе го намали загадувањето на воздухот во најголемите градови во светот. Со оглед на тоа дека Њу Делхи е еден од најзагадените градови во светот, иницијативата започнува токму од таму, а подоцна ќе се прошири и во други градови и држави. „Икеа“ веќе соработува со индиската влада, непрофитни организации и други компании на забрзувањето на иницијативата, а првиот прототип на производ од оризова слама би требало да биде прикажан до крајот на оваа година. Се очекува во продажба да биде пуштен до 2020 година.

Таа година шведскиот производител на мебел ќе престане да продава пластични сламки, а до 2030 година во производството ќе користи само обновливи и рециклирани материјали.