ИКЕА продава прекрасни мали стилски домови

ИКЕА продава прекрасни мали стилски домови

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Со децении ИКЕА декорира и организира домови низ целиот свет благодарение на готовиот мебел што го произведува. Сега, оваа шведска компанија оди чекор понапред со создавање на првиот мал дом.

Со фокус на одржливоста, најновиот производ на ИКЕА не ги жртвува луксузот и комфорот, и покрај неговата големина. Така, ИКЕА во партнерство со „Вокс криејтив“, „Ар-ви“ и „Ескејп“ дизајнира мал дом со еколошки карактеристики.

Изграден како дел од проектот „ИКЕА тајни хоум“, станува збор за приспособена верзија на моделот „Ескепјс виста бохо екс-ел“. Додадени се соларни панели. Потенцијалните купувачи можат да добијат подобра идеја за тоа како може да изгледа нивното ново живеалиште преку онлајн-шопинг искуство креирано од „Вокс“.

1

Веб-страницата им овозможува на корисниците да го истражуваат домот и да купат мебел или други предмети.

- Располагаме со многу производи на ИКЕА во неколку наши дизајни за мали домови, бидејќи тие отсликуваат обновливи материјали за повеќекратна употреба и за рециклирање, кои ги вметнуваме во реалните структури - вели Ден Доброволски, основач на „Ескејп“.

2

Градењето на еден мал дом трае околу 60 дена, а како што вели Еби Старк, дизајнер на ентериер од ИКЕА, компанијата сака да обезбеди материјал за повеќекратна употреба, како и материјал што може да се рециклира за да го направи просторот функционален и убав.

3

И таа е успешна во таа мисија. Панелите од малечкиот дом се направени од бор, додека кујнските шкафови се обликувани со рециклирани врвови од шишиња. Целиот дом е украсен со неутрални тонови и има практични карактеристики, како што се вградено складиште и маса што може да се склопи.

Извор: Travelandleasure.com
Фото: Instagram | Josiah and Steph photography