Италијански град ќе им плаќа дел од киријата на новонаселените
Подготвил:
Драгана Петрушевска
Лектор:
Ивана Кузманоска
Додека некои италијански градови се обидуваат да привлечат нови жители продавајќи ги куќите и за едно евро, Теора се обидува да го зголеми населението нудејќи пари за станарина во период од две години на новите жители.
Новите жители ќе добиваат 150 евра месечно за да покријат дел од станарината. Градот нуди и еднократна помош од 5.000 евра за купување имот. Градот сака да привлече семејни луѓе, па така може да се пријават само оние што имаат барем едно дете. Со договорот новите жители се обврзуваат да живеат во градот барем три години.
- Не верувам во продавањето стари куќи за едно евро, тоа не ги поттикнува луѓето да останат во градот. Тие доаѓаат само неколку месеци годишно како туристи. Тоа не е решението. Преселувањето и запишувањето на децата во локалните училишта внесуваат нов живот - вели градоначалникот на Теора, Стефано Фарина, за Си-ен-ен травел.
Фото: Википедија
Градот има околу 1.500 жители, а најголема причина за ненаселеноста е земјотресот во 1980 година. Според Фарина, годишно се раѓаат по две бебиња во просек, а умираат 20 луѓе, најчесто од старост.
Со новиот план станарината за новите жители нема да биде целосно покриена, туку ќе биде намалена. Достапни се сместувања за околу 200 евра. За оние што сакаат да купат куќи, има домови за 30.000 евра. Куќите се во добра состојба и не е потребно скапо реновирање.
Голем дел од историските градби во Теора биле уништени во текот на земјотресот, но останале амфитеатарот, неколку фонтани и древна црква.
Автор: Хелен Кофи
Извор:
Independent.co.uk