„Џимејл“ ќе воведе нова опција што ќе ви се допадне

„Џимејл“ ќе воведе нова опција што ќе ви се допадне

Подготвил: Билјана Арсовска

Лектор: Ивана Кузманоска

Корисниците на „Џимејл“ долго време чекаа на опцијата за закажување на испраќањето пораки, што би било олеснителна околност за многумина.

Најновиот апдејт на „Џимејл“ за андроид-уредите вклучува и опција за закажување на испраќањето на пораките. Така, отсега ќе можете да го одложите испраќањето за десет минути или десет дена.

Покрај оваа опција, на корисниците ќе им биде овозможено и откажување на испраќањето на закажаната порака. Исто така, закажаните пораки ќе бидат испратени и кога нема да се онлајн или доколку ви се испразни батеријата на телефонот.

Ова не е првпат да се зборува за оваа можност на „Џимејл“. Кон средината на минатата година имаше одредени вести дека оваа опција ќе почне да функционира, а сега таа е сè поблиску до корисниците.

Според одредени медиуми, постои можност „Гугл“ да ја воведе оваа функција на „Џимејл“ за 15. роденден, кој го одбележува следниот месец.