Јапонските фармери ги бојат кравите да личат на зебри за да ги спасат од инсектите
Земјоделците во префектурата Јамагата во Јапонија почнале да ги бојат кравите да личат на зебри за да ги спасат од инсектите и мувите што цицаат крв.
Експериментот веќе дава резултати, при што обоените крави покажуваат помали знаци на стрес од необоените.
Јапонското црно говедо е меѓу четирите раси говеда што се користат за висококвалитетното говедско вагу во земјата. Како и да е, оваа раса е примарна кога станува збор за мета на инсектите што цицаат крв, како што се мувите. Стресот предизвикан од овие инсекти е толку висок, што фармерите пријавиле пад на стапката на репродукција во овие стада. Затоа престанале да го пуштаат добитокот во обработливите земјишта, за да спречат стадото да биде нападнато од овие инсекти.
Но, сега профункционирало едноставно решение за бојадисување на добитокот со линии налик оние на зебра, а инцидентите со каснување се драстично намалени, според локалните извештаи.
Фармерите користеле боја за прскање или благо белило за да направат бели ленти на кравите давајќи им изглед на зебра. Овие напори траат повеќе од три години. Повеќе фармери ги усвоиле откако забележале видливи подобрувања во условите за стоката.
На пример, локални научници вработени во префектурата го набљудувале обоениот и необоениот добиток на обработливите површини и забележале однесување како што се мавтање со опашките, тресење на главата или удирање со копитата за да се отстранат мувите од нивните тела. Додека било откриено дека необоениот добиток го покажува ова однесување до 16 пати во минута, кај обоениот добиток бројките паднале на само пет. Трикот сега се споделува со другите фармери, кои почнале да го прифаќаат овој евтин пристап.
Што вели науката?
Практиката може да изгледа како традиција што луѓето ја следат без никакви научни докази за поддршка на нивните тврдења. Научниците од префектурата не споделиле никакви детали за тоа што ги прави пругастите површини неинтересни за инсектите.
Пред неколку години истражувачка студија во која учествувале шест вакви крави била спроведена од истражувачи од Земјоделскиот истражувачки центар „Аичи“, во Нагакуте, Јапонија. Дури и во трудот, истражувачите го пријавиле феноменот, но не спровеле никакви експерименти за да утврдат што може да го предизвика.
Истражувачите откриле дека цртањето ленти на добитокот резултира со поларизација на светлината. Иако ова го привлекува инсектот кон животното, исто така создава проблем со детекцијата на движење, поради што инсектот не успева да забави навреме за да слета на животното. Следствено на тоа, ова е начин кој е ефикасен во спречувањето на каснувањата.
Извор: Interesting engineering
Фото: Freepik