Зошто не смеете да носите пренослив полнач за мобилен во рачниот багаж?

Зошто не смеете да носите пренослив полнач за мобилен во рачниот багаж?

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Преносливите батериски полначи се корисни за полнење на мобилниот, бежични слушалки или лаптоп додека сме во движење. Сепак, некои авиокомпании почнуваат да воведуваат рестрикции за нивното носење и користење во авионите.

Најновата авиокомпанија што ја воведе оваа забрана е „Сингапур ејрлајнс“. Од 1 април 2025 година патниците нема да смеат да ги користат преносливите полначи во авионот, ниту да ги употребуваат за полнење мобилни уреди. Освен тоа, овие уреди не смеат да се носат во рачниот багаж, туку ќе мора да бидат спакувани во багажот што го предавате.

Кабинскиот персонал ќе врши контрола за да се осигури дека патниците ги почитуваат безбедносните процедури.

Зошто овие полначи се опасни?

Преносливиот батериски полнач е литум-јонска батерија која може да се самозапали. Ова може да се случи без предупредување ако батеријата е оштетена, прегреана, неправилно спакувана или ако има дефект.

Се верува дека токму ваков уред предизвикал пожар во авион на „Ејр Бусан“ кој летал од Јужна Кореја за Хонгконг во јануари оваа година. Сите патници и членови на екипажот биле успешно евакуирани, но четворица добиле полесни повреди.

По овој инцидент, „Ејр Бусан“ целосно забрани носење преносливи полначи во кабината на авионот. Слични рестрикции воведоа и други авиокомпании, како што се „Таи ејрвејс“, „Ерејжа“, „ЕВА јр“ и „Чајна ерлајнс“.

Фото: Freepik