ТЕД-говори што ќе ве направат поефикасни во работата од дома

ТЕД-говори што ќе ве направат поефикасни во работата од дома

Подготвил: Драгана Петрушевска

Лектор: Ивана Кузманоска

Сите моравме да направиме некакви промени во последните неколку недели. За многумина, неочекуваната работа од дома е предизвик, барем на професионално ниво. Но, интернетот изобилува со совети и написи кои може да помогнат во оваа ситуација. А, тука се и ТЕД-говорите. Во продолжение следуваат одлични ТЕД-говори што може да ви помогнат при работата од дома.

„Зошто работата од дома е добра за бизнисот“

За повеќето лидери, префрлањето на работата дома беше шок. Но не и за извршниот директор на „Аутоматик“, Мет Маленвег. Во ТЕД-говор тој открива како успева да раководи со компанијата во која сите вработени работат од дома.


„10 начини како да имате подобри разговори“

Селест Хидли им има направено интервјуа на илјадници луѓе за време на нејзината работа како новинар. Нејзиниот ТЕД-говор е токму за тоа - успешно разговарање и комуницирање.


„Во мозокот на професионален прокрастинатор“

Постојано ги одложувате обврските додека работите од дома? Не сте единствени. Но, треба да знаете дека има и поголеми прокрастинатори од вас, а блогерот Тим Урбан е еден од нив.


„Колку добро ќе се соочиме со следниот смртоносен вирус“

Овој ТЕД-говор од биологот Пардис Сабети совршено одговара на моменталната ситуација во која се наоѓаме. Во говорот таа зборува за еболата, а дава и многу совети за успешно соочување со проблеми за време на криза.


„Исповеди на микроменаџер во фаза на закрепнување“

Во овој смешен и искрен говор извршниот директор на „Боксд“, Џие Хуанг, ја раскажува приказната за неговата зависност од микроменаџирање и како тоа влијаело врз неговиот тим.


Автор: Џесика Стилмен
Извор: inc.com 
Фото: Pixabay