Публицис Медиа вработува Digital Media Assistant

Публицис Медиа вработува Digital Media Assistant

Digital Media Assistant

Квалификации кои треба да ги поседува нашиот идеален кандидат се:


• Интерес за работа со податоци и анализа на истите кај дигиталните медиуми, познавање на рекламните формати и интерес и следење на трендовите во дигиталниот маркетинг
• Напредно познавање на MS Office пакетот (особено Excel и Power Point)
• Познавање и/или искуство со работа на платформите Google Ads и Facebook Business Manager
• Напредно познавање на англиски јазик
• Совесна и вредна личност, која сака да учи, напредува и да придонесува кон тимската работа и успехот на компанијата

Работните одговорности и задачи вклучуваат:

• Анализа на резултатите од кампањите и изработка на извештаи
• Мониторинг и оптимизација на дигиталните медиски кампањи врз база на анализа на податоците
• Учество и асистенција во развој на стратегии, медиа планови и закуп на рекламен простор на дигитални медиуми
• Асистирање во менаџирање на кампањи на дигитални платформи (Ad Server, Google Ads, Facebook Business Manager и др.)
• Градење на партнерски односи со клиентите и медиумите
• Координација и соработка со другите тимови од агенцијата

Работно искуство поврзано со огласување во дигиталните медиуми би значело предност

Доколку ги исполнувате критериумите, сакате да го проширите своето знаење и да бидете дел од нашиот тим, испратете го вашето CV на jobs@publicismedia.mk, најдоцна до 30.04.2022.

Во насловот на вашиот e-mail задолжително внесете ја позицијата за која аплицирате.