Еве како еден жител на германски град успеал да го реши проблемот со брзото возење

Еве како еден жител на германски град успеал да го реши проблемот со брзото возење

Подготвил: Тамара Гроздановски

Лектор: Ивана Кузманоска

Во германскиот град Фритлинген, на излезот од населбата, поставен е лажен радар, а резултатите покажуваат дека оваа илузија значително ја намалила брзината на возачите што вообичаено брзо возеле. Тило Венцлер, на чија приватна парцела се наоѓа овој лажен радар, истакнува дека направата успешно ја остварува својата цел.

 - Возачите сега забавуваат и возат многу посигурно - потврдува една жителка на оваа област. Венцлер додава дека ова решение придонело за поголема безбедност, што ги радува и локалните жители.

Во минатото имало неколку обиди за поставување официјален радар на ова место, но секогаш неуспешно.

Полицијата објавила дека поставувањето лажен радар не е незаконско доколку станува збор за безбедна реплика која не претставува официјална опрема и не ги загрозува учесниците во сообраќајот. Сепак, полицијата ја истражува оваа ситуација во контекст на потенцијални правни последици.

Извор: Vecernji.hr
Фото: Google maps