Летечки автомобил: Вака возилото на иднината се воздигнува кон небото
Воздухопловна компанија во САД објави видео на кое се гледа нејзиниот прототип на летечки автомобил како полетува на небото, пред да прелета над теренско возило.
Џим Духовни, извршен директор на „Алеф аеронаутикс“, изјавил за Би-би-си дека примиле илјадници нарачки однапред и се надеваат дека ќе започнат со производство во рок од 12 месеци.
- Изгледа и функционира како стандарден автомобил. Може да возите, па да летате и да прелетате метеж или некоја препрека, река или слично и потоа да продолжите со возење. Или можете цело патување да го поминете во транзиционен режим, односно „би-плејн“ режим. Како возач, го имате тој избор - вели Духовни.
Од компанијата велат дека за време на снимањето имало возач во автомобилот иако е тешко тоа да се констатира од видеото.
-Треба да ги разберете правилата на воздушниот простор. Постојат правила за возење на земја, па и правила за возење во воздух.
Компанијата планира да започне со производство на првиот автомобил за една година., „Алеф аеорнаутикс“ не е единствената компанија која се обидува да изгради летечки автомобил и се соочува со големи технолошки и регулаторни пречки.
Извор: bbc.com/serbian
Фото: BBC serbian screenshot